За нас

Veracomp е регионален дистрибутер со додадена вредност (Value Added Distributer (VAD)) на водечки компании за информатичка технологија во регионот на Централна и Источна Европа.

Од основањето во 1991 година, групацијата Veracomp работи исклучиво преку деловниот модел за дистрибуција. Како дистрибутер со додадена вредност (т.н. VAD), нудиме широк спектар на производи и услуги, вклучувајќи напредни логистички услуги, деловна, техничка и маркетинг поддршка.

Во јадранскиот регион работиме преку локални компании од Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Србија, со присуство во сите земји од регионот.*

Од 2001 год. до 2013 год. функциониравме под името Mack IT д.o.o., а потоа станавме дел од групацијата Veracomp, еден од најголемите дистрибутери на информатичка технологија во регионот на Централна и Источна Европа.

Нудиме решенија за безбедност, мрежа, телекомуникации и центар за податоци, а некои од нив се: Trend Micro, Blue Coat, Gemalto (на пр. Safenet), Red Hat, Gigamon, F5 Networks, Extreme Networks, LifeSize, Polycom, од 1 ноември 2016 год. и Hewlett Packard Enterprise решенија, т.е. многу други.

Се разликуваме од другите компании за големопродажба по нивото на услуги кои ги нудиме: претпродажна и техничка поддршка, едукација и советување за нашите партнери. Услугите кои ги нудиме обезбедуваат континуитет и флексибилност во работењето, безбедност на податоците од закани, како и увид во активностите на корисниците на системот.

*Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија,  Косово и Албанија

Veracomp профил

Контакт

Share on LinkedInShare on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter