Безбедност

Секоја компанија денес се соочува со предизвици поврзани со ефикасна заштита на инфраструктурата и информации што се клучни за успешно работење. Со успешната заштита на информацискиот систем не ги заштитуваме само доверливите информации, туку и репутацијата на компанијата и финансиските приходи, истовремено обезбедувајќи ја продуктивноста и креативноста на вработените во компанијата.

Безбедносните решенија може да се поделат во неколку групи, но ги делат две главни карактеристики: проактивни и реактивни решенија. Проактивните решенија ги обезбедуваат системите од закани, но преку брзото препознавање на заканата и нејзино елиминирање, додека реактивните решенија се појавуваат во моментот кога пробивањето веќе се случило и кога треба да се применат безбедносните политики дефинирани во случај да дојде до инцидент.

Veracomp во својата понуда има низа напредни решенија за градење ефикасен систем за безбедност на сите нивоа, од физичка до апликативна заштита на системите, заштита на податоците и идентитетот во сите животни циклуси.

Distributions

Share on LinkedInShare on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter